
Мој Лек е мобилна апликација која на пациентите им овозможува своите мобилни уреди да ги користат како асистенти за управување и користење на дел од своите медицински информации. Апликацијата е поделена на три генерални сегменти, кои ги овозможуваат следните функционалности: 1) ЛЕКОВИ • Рецепти • Поглед на активни и нереализирани рецепти, пропишани од матичен лекар; • Можност за резервација на лек во аптека, во одреден временски период. • Аптеки • Поглед на аптеки на мапата, во избраниот радиус; • Основни информации за аптеката; • Можност за резервација на лек, доколку има активни рецепти; • Во зависнот од тоа дали лекот го има на лагер, според неговата генерика, појава на сите трговски имиња на лековите во избраната аптека; • Референтна цена на лекот, пропишана од ФЗО. • Резервација на лек • Резервација на лекови, според пропишаните рецепти (за една рецепта, само еден лек); • Поглед и отказ на резервираните лекови; • Поглед на резервиран и потврден лек, од страна на аптеките, каде што е побарана резервацијата. 2) ПОТСЕТНИЦИ • Потсетник за консумација на лек – можност да се дефинира потсетник (аларм), за примање на лекот, од страна на пациентот • Се пополнуваат податоци за лекот, датум и часот од кога се почнува со конзумација, на колку време и број на таблети • Алармот се активира и сигнализира, во подолг период, до исклучување на истиот, од страна на пациентот. Истиот се активира и во случај кога мобилниот уред е исклучен. 3) БАРАЊА ЗА ИЗДАВАЊЕ ХРОНИЧНА ТЕРАПИЈА ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР (интеграција со порталот МоЕ-Здравје) • Поглед на хроничната терапија на пациентот; • Можност за генерирање на Барање, за месечна хронична терапија кон матичниот лекар; • Можност за генерирање на дополнително Барање, вон хроничната терапија (описно); • Поглед на Барањата (креирано, видено, процесирано, одбиено), според повратната информација од матичниот лекар; • Ажурирање на матичен лекар.